Еден од преживеаните фудбалери на Чапокоензе од авионската несреќа, Хелио Запијер Нето повторно ќе може да игра фудбал.
Оваа одлична веста ја открил неговиот татко по разговорото со докторите кои утврдиле дека повредите на Нето не се од сериозен карактер.
Искусниот дефанзивец е извлечен од рушевините на авионот, а во болница бил примен со повреди на главата. За среќа 31 годишниот фудбалер немал згрутчување на крвта во мозокот.
-Можам да потврдам дека мојот син закрепнува и е сè подобар и подобар. Му ја оперираа ногата и докторите ме уверуваат дека повторно ќе може да игра фудбал, изјавил неговиот татко, а пренесува шпански „АС“.
Втората добра вест за преживеаните фудбалери, се однесува на голманот Џексон Фолман кој беше пронајден меѓу првите по падот на авионот. Лекарите успеале да ја спасат неговата лева нога. На Фолман претходно му беше ампутирана десната нога поради тешките повреди добиени во несреќата.