„Евровизија 2017“ се сели од Киев во Москва?


Организаторите на комитетот на Евровизијата водат преговори за можно префрлување на музичкиот натпревар „Евровизија“ во 2017 година во Русија, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на неименувани извори во организацискиот комитет. „Билд“, сепак, додава дека фактот дека се водат преговори не значи дека настанот навистина и ќе биде одржан во другата земја.evrovizija76ujh556555

„Весникот доби информација од извори во организацискиот комитет дека се разгледува прашањето – местото на одржување на натпреварот, сепак, да биде Москва“, пишува „Билд“. Весникот наведува дека, бидејќи Украина правото на одржување на натпреварот го доби по победата на минатата Еворвизија во Шведска на пејачката Џамила со песната „1944“, која многумина ја сметаат за антируска, губитокот на натреварот би можел да биде многу непријатен за Киев.

– Постои реална закана натпреварот да се одржи во друга земја. За нас тоа би била катастрофа – рекла за „Билд“ претседателката на комитетот Ана Гопко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1