Чудо од авион, а сепак се сруши: Неверојатни факти за Airbus A320!


Што се однесува до авионот кој денес се сруши на југот на Франција, сепак се работи за едно многу безбедно превозно сретство бидејќи сите статистики одат во негова корист.

Семејството од авиони Airbus A320 го сочинуваат авиони со тесен труп кои ги произведува компанијата Airbus.

german wings avion

Конкретно, овој авион кој се сруши над француските Алпи, кога трагично настрадаа 150 патника, е еден од најпродаваните модели на Airbus. Во зависност од моделот, овој авион може да понесе до 220 патника и има долет од 3.100 до 12.000 километра.

Авионот е сертифициран да лета на 39.000 стапки (11.887 метра), а апсолутната граница е за три илјади повисока. Меѓутоа, на 37.000 стапки може да дојде до проблеми во зависност од тежината и температурата, вклучувајќи го горивото, патниците и багажот.

Што се однесува до авионот кој денес се сруши на југот во Франција, се работи за едно навистина исклучително безбедно превозно сретство бидејќи сите статистики застануваат во негова корист. Всушност, само 0.14 отсто незгоди се случуваат на дури милион полетувања.

Во светот постојат околу 3.600 вакви авиони кои секојдневно превезуваат патници.

Последната незгода која му се случила на еден Airbus A320 авион се случи на 28-ми декември во морето Јава, во Индонезија, а авионот беше во сопственост на компанијата AirAsia.

Флотата A320 од 1988-мата година, кога овој авион започнал да се користи во француската авио-флота, превезол околу 6 милијарди патника.

Инаку, оваа стравична несреќа е прва која се случила во Франција во последните 15 години, после страшната несреќа во 2000-тата година на Air France Concorde.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1