Ви пренесуваме еден сок кој е познат како чудотворен пијалок, а се прави од овошје и зеленчук.
Еве го рецептот за подготовка, па обидетете се да почнете да го употребите уште денеска…
Потребни состојки:
– Еден компир
– Еден морков
– Едно јаболко
Подготовка:
Измијте го овошјето и зеленчукот, исечете ги со кората на парчиња и ставете ги во соковник и веднаш испијте го сокот. Можете да додадете лимон за да го освежите вкусот.
Најдобро е овој сок да се пие наутро на празен желудник или еден час по појадокот.
За брзи резултати пијте го овој сок два пати дневно, наутро и пред 17 часот.