Чудо: Родила близначки со два месеци разлика меѓу нив (ВИДЕО)


Кога останала бремена, 41-годишна жена од Романија дознала дека чека близначки. Во ноември минатата година, кога била во седми месец бременост, почувствувала болки и отишла во породилиште.bebina-romanija

Таму предвреме родила една ќерка, а акушерите очекувале дека другото бебе ќе стигне на свет многу брзо по својата сестра. Меѓутоа, другата ќерка никако не сакала да излезе од стомакот на мајката пред да дојде време.

Како што се покажало на ултразвук, овие бебиња се двојајчани близначки, така што раѓањето не влијаело на опстанокот на другото бебе во стомакот.

Речиси седум недели подоцна, кон крајот на јануари оваа година, со помош на царски рез стигнало и другото девојче. Двете сестри се целосно здрави и ќе влезат во медицинските учебници како единствен случај во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1