Милева Радуловиќ од Црна Гора по 36 години брак, кога имала 62 години со вештачко оплодување родила син.
Имено, на крајот на февруари 2007 година на вратата на кабинетот на еден познат црногорски гинеколог затропала една средовечна жена. Дошла да види дали би можела да и направи ултразвук контрола за трудници.
– Дали е во прашање снаата или ќерката, можеби и внуката?- ја запрашал докторот и добил одговор од кој се зачудил.
– Не во прашање сум јас, срамежливо одговорила жената, а збунетиот доктор веднаш се согласил да и направи ултразвук.
Последните дена од јули 2007 година, точно во осум часот и 35 минути, на овој свет дошло момче тешко два килограми и 600 грама, и долго 57 сантиметри.
Мајката Милева сака да им порача на сите жени кои немаат досега деца да не се разочаруваат и дека мора да се има надеж.
– Сакам да им порачам на sите жени кои се нашле во слична ситуација, важно е никогаш да не се посомневате и никогаш немојте да се предавате, не ја губете надежта, кој верува во чудо, чудото ќе му се случи, а современата наука и медицина отиде толку далеку што може многу да помогне, ова го рекла жената која на 62 години стана за прв пат мајка