Чудо во црквата во Сингелиќ- најлон го спасил крстот стар 100 години од поплавата


Во црквата Св. Ѓорѓија во скопско Сингелиќ не можат да се изначудат како се нашол најлон од 40 метри врз малиот трошен крст стар над 100 години, кој успеал да го спаси да не го однесе поплавата на 6 август.

-Божје чудо, вели отец Драган Димишков за МИА.krst-crkva-poplava

– Овој крст е посветен на Свети Ѓорѓија. На оваа место бил ставен некаде по 1912 година. Вечерта кога се случи невремето, не знам од каде и како, крстот беше покриен со 40 метри најлон. Претпоствувам дека од некаде дошол и го покрил крстот, со тоа го спасил да не го однесе водената стихија. И површина пред крстот беше чиста, воопшто не допрена. Во негова близина затекнавме и едно возило кое го пресконало ѕидот и паднало на покрив. Крстот имал среќа возилото да не падне врз него. Крстот е спасен. Самиот Господ Бог си ги чува своите работи, вели отец Драган, кој сѐ уште не може да се изначуди како се спасил малиот трошен крст.

Освен спасениот крст, во саботата кога новинарската екипа ја посетила црквата, во помошниот објект каде што се наоѓаат канцеларијата на свештениците и Крстилницата, забележале дека само на ѕидот со фрески и икони нема калливи траги, кои ги имаше на другите ѕидови. Во црквата, како и помошниот објект, имало кал околу пола метар, а на некои места и повеќе. Но, калта не стигнала до ѕидот украсен со фрески и икони. Како нешто да ја спречило калта да го извалка и него. Калливи траги насекаде,  а само на ѕидот со фрески не. Чудно.

Извор: МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1