Чудотворниот глицерин: Ја обновува кожата и косата, чисти подови , отстранува дамки!


Глицеринот одамна се користи во козметичката индустрија и покрај еволуцијата на различните компоненти во козметиката, тој и понатаму е најпопуларен меѓу производителите.

Доколку случајно пронајдете глицерин во домот, немојте никако да го фрлите!

Biljni-glicerin-200ml-samo-500din_slika_L_1239503Можеби не сте знаеле, но употребата на глицеринот може да ви помогне во најнеочекуваните ситуации, да ви заштеди време, пари и нерви.

Еве на кои начини можете да го користите глицеринот.

Да ги исчистите тешките дамки

Дамките од бобинките можете да ги елиминирате така што извалканото место ќе го држите во глицерин еден час, а потоа да го исперете во солена вода. Исто така лесно ќе ја изчистите свежата дамка од кафе или чај ако ставите глицерин и сол во размер 1:1 на местото. Кога дамката ќе избледи ја перете облеката на вообичаен начин.

Против прашина

Ако ги исполирате лакираните дрвени површини и огледалата со глицерин, прашината нема да се таложи на нив.

Глицеринот ги обновува кожните работи

Ако некоја кожна работа се истрошила со време- јакна, ташна, кожна гарнитура, преминете ја со глицеринот. Можеби нема да го вратите првобитниот изглед, но ќе изгледа многу подобро.

Ќе направи вашиот под да сјае

Ако имате паркет или ламинат во вашиот дом- пребришете ги со вода и глицерин (2-3 супени лажици глицерин на 5 литри вода).Подовите ќе сјаат!

Глицерин за косата

Наједноставниот начин: додајте неколку капки глицерин во шампонот и косата ќе стане послушна, мека и хидрирана. Глицеринот може да се додава и во маската за коса, оваа вискозна супстанца го обвива и хидрира влакното.

Прави чуда за рацете

Во продавниците можете да пронајдете крема за раце со глицерин. Многу се корисни, како за ладни така и за топли денови. Во зима ги штитат рацете од студот, а во лето ја ублажуваат иритацијата и чешањето. Едноставно можете да ставите малку глицерин на проблематичните и суви делови на рацете или да направите бања за рацете: неколку капки глицерин во топла вода.

Глицерин за кожата на лицето

Глицеринот одамна се користи во козметичката индустрија, и покрај еволуцијата на различните компоненти во козметиката тој и понатаму е најпопуларен меѓу производителите.  Причината е дека има единствена способност- брзо ја впива влагата и долго ја чува. Ако го нанесете на лицето, кожата нема да го апсорбира, туку глицеринот ќе создаде невидлив филм кој ќе ги привлекува микроскопските молекули на вода кои се наоѓаат во воздухот, а со тоа ќе ја хидрира кожата. Ако живеете во средина каде влажноста на воздухот е висока, глицеринот е ваш незаменлив помошник. Доколку влажноста не е висока, глицеринот бара вода од подлабоките слоеви на кожата и така ја дехидрира. Немојте да го користите глицеринот за нега на кожата и косата кај ниска влажност на воздухот.

Ги обновува испуканите пети

Глицеринот може да се користи за нега на грубата кожа на рацете, нозете и испуканите пети. Рецептот е проверен и делотворен. По десет дена ќе забележите фантастични резултати! Вашите пети ќе станат розеви, нежни и меки, а ноктите ќе добијат убав сјај.

runway.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1