Децении внимателна дипломатија и соочување со високо ризични ситуации за време на нуклеарната „војна“ во текот на 1950-те, 60-те и 70-те е срушена како кула од карти во само една секунда, во моментот кога Турција го сруши воениот авион на руската авијација.
Внимателното и трезвено размислување и однесување на НАТО кое опстана за време на Студената војна и распадот на СССР е жртвувано со само еден непромислен потег, анализира Си Ен Ен.
За време на кубанската ракетна криза во 1962 година, советската инвазија на Авганистан во 1979, распоредувањето на нуклеарно оружје во Западна Европа во 1980 како и за време на многу други судири, НАТО како алијанса не ја нападна Русија, односно своевремено СССР, ниту пак индивидуално било која друга држава членка на НАТО.
Но, сето тоа се промени кога Турција (по наредба претседателот Ердоган), го собори рускиот воен авион. Ова е прв пат по 1952 година, НАТО, односно земја членка на Алијансата да направи ваков потег.
Било каква шанса за брзо завршување на војната во Сирија сега се изгуби како чад во воздухот
Сириската војна стана застрашувачка во 2011 година, а ден по ден истата само се распламтува и создава нови конфликти. А не само тоа, туку и создава ривалства помеѓу светските сили.
Борбата помеѓу шиитите и сунитите и меѓу Арапите и Иранците. Либанскиот Хезболах, кој го поддржува Иран, се бори против оние кои ги поддржуваат Арапите од Персискиот залив. Фронтот Ал Нусра и` конкурира на Исламската држава, Курдите војуваат против Исламската држава и против сириската војска, а Турција војува против Курдите, додека неодлучно се бори против Исламската држава и инстинктивно бара заминување на Асад.
Во сирискатавојна веќе учествуваат многу земји. Минатата година САД составија широка коалиција од повеќе од 60 држави. Од Јужна Кореја до Австралија, владите на тие земји во различен степен учествуваа во борбата против Исламска држа
За тоа време, Исламската држава ја прошири оперативната област. Има нови ограноци и нејзините следбеници напаѓаат цели ширум светот. Организацијата со седиште во Сирија не само што контролира територии во Сирија и Ирак, нејзините следбеници имаат силно влијание и во Либија, на египетскиот Синајски полуостров, во Нигерија и во други делови од Африка.
Списокот на групи кои тврдат дека му се лојални на самопрогласениот Калифат зафаќа десетици илјади километри, па ги има во Авганистан, Индонезија, Пакистан, Алжир и Филипините, но и илјадници поедици кои им се прклучуваат а доаѓаат од целиот свет.
Дали сè ова звучи како трета светска војна?
Под Светска Војна се подразбираат двата големи конфликти во 20-ти век. Забележливо е дека овој пат САД одбиваат да бидат вклучени, а тоа е желба на јавноста да останат надвор од конфликтот, да речат: „Ова не е наша борба“.
Не е извесно колку ќе потрае тоа. Но, можеби би требало да се сетиме дека тие војни биле завршени дури кога САД повеќе не можеле да сеправат дека не ги погодува бруталниот конфликт кој беснее илјадници километри подалеку од американските брегови, пишува Си Ен Ен.
Од друга страна пак, додека Турција ја презеде одговорноста за соборувањето на рускиот воен авион, по наредба на претседателот Ердоган, а НАТО застана зад Турција, како земја членка на Алијансата, САД повикува на смирување на односите помеѓу Русија и Турција.
За сега, Русија бара од Турција да добие логично објаснување за соборувањето на авионот, додека во меѓувреме ја зајакнува воената готовност во Сирија и испраќа ловци да го „чуваат грбот“ на авијацијата.