CNN: Сведоштво на оние кои се вратиле од мртвите – пореално е отколку нормалниот живот


Ќе заминеш на небото и ќе доживееш да раскажуваш за тоа. И вашата приказна ќе стане предмет на научно истражување.
Совршен ден. Си шетате по тротоар, го слушате ансамблот на песните на птиците, го впивате бризот од свежи пролетни цвеќиња и зјапате во ведрото небо.

Пријатно расеан од тротоарот, зачекорувате на улицата. Сопирачките шкрипат, свирката ужасно гласно ја слушате, луѓето околу вас со разни крици го набљудуваат ужасот. Веднаш се враќате во реалноста… веднаш, пред да ве удри камионот.
Ако летнете како партал кукла, ќе имате тежок пад. Знаете дека се ближи крајот. Вашиот живот ви поминува пред очи.
Вие го напуштате вашето тело и гледате под вас. Луѓето со наведнати глави гледаат во вашето тело. Како што лебдите нагоре, заслепувачки светлински бранови се појавуваат над вас.

130409141844-brain-scan-afterlife-crop-story-topПоминувате низ тунел на место кое што е многу повеќе сликовито, реално и поспектакуларно од реалноста.
Неколку недели подоцна ве буди постојаната сигнализација на ЕКГ мониторот, во вашиот болнички кревет.
Ако се најдете во болницата во Белгија, доктор Стивен Лауреус, може да ве посети, ако сте заинтересирани да го слушнете чувството на блиската средба со смртта.

„Пациентите на интезивна нега се плашат да ги раскажат своите приказни“. Тие се плашат дека луѓето нема да ги сватат сериозно, особено лекарите и научниците. Стивен ја предводи научната група Кома на Универзитетската болница во градот Лиеж. Тој и неговите колеги објавија научна студија минатиот месец.

life_and_after_life_postnoon_news

Луѓето кои одат на овие фантастични патувања, често засекогаш се променуваат. Многумина се чини дека се враќаат посреќни и повеќе не се плашат од смртта. Искуството станува камен темелник на нивните животи.
Но, тој не мисли дека тоа доаѓа од духовниот свет. Преферира да не ја меша религијата во својата научна работа.
Неговата хипотеза е дека при блиска средба со смртта, искуствата потекнуваат од човечката психологија. Тоа е оној дисфункционален мозок кој го произведува овој феномен. Тој и неговиот персонал се заинтересирани за тоа како мозокот го создава умот и неговото восприемање на реалноста. Неговиот тим се надева дека ќе се подигне квалитетот на неговата удобност и заштита.

Многумина низ годините, се разбудиле од кома и му ги раскажале искуствата на нивните заминувања во наредниот живот.
Нивните приказни имаат елементи кои се исти или многу слични.
Откако биле блиску до смртта, некои луѓе ја раскажуваат познатата приказна дека виделе светлина, се движеле по еден тунел.
Рејмод и Надин и двајцата од Белгија, откако доживеале срцев удар, кислородот бил отсечен од нивните мозоци. И двајцата имале сензации надвор од нивното тело.

„Се чувствував како да во еден момент сум вовлечен надвор од телото. Се движев низ еден целосно црн тунел и се се случуваше многу брзо, што едноставно не можете да го изразите со зборови, поради тоа што не сте го доживеале“, вели Рејмонд.

lifeafterlifeКога Надин доживеала срцев удар, се почуствувала надвор од телото, како да се наоѓала на некој облак.
Исто како и кај Рејмонд постоела светлина и тунел. Но, сепак премногу кратко траело за да може да се присети на тоа.
Научните истражувања на научниците и скенирањата на мозокот над луѓето е тешко, бидејќи точниот тек на настаните кои што се случиле во моментот, е речиси невозможно да се набљудуваат.

Лауренс и неговиот тим ги проучувал сеќавањата на пациентите кои имале блиска средба со смртта.
Користени се „Memory Characteristics“, прашалници за емоцинални детали кои се одговарале преку сензори, за тоа како луѓето ги доживувале просторот и времето.

 Понекогаш се случува да и покрај тоа што пациентот имал искуство многу одамна, неговото сеќавање е толку богато, што истото како да се случило вчера. Понекогаш е тешко за пациентите да најдат зборови како тоа да го објаснат.
Постојат извештаи на верски слики кои се појавуваат на моменти во сеќавањата, но истите не се ограничени на една единствена религија, но секогаш можат да се појават во сеќавањата. Понекогаш се појавуваат Буда, Исус, Мохамед, но тоа се многу ретки ситуации.

brain1

Ваквите состојби не можат да претставуваат халуцинации, а тоа се докажало со фактот што понекогаш имало пациенти кои биле во кома а нивните делови од мозокот биле мртви, поради што истиот не можел да ги произведе неговите искуства.
Засега не постојат докази дека пациентите можат да бидат свесни без мозочна активност.

Американската психолошка асоцијација ваквите искуства ги дефинира како длабоки психолошки настани со трансцендентални и мистични елементи, кои обично се случуват кај поединци кои имале блиска средба со смртта или во ситуации на интезивна физичка или емотивна опасност.

Во случај кога пациентот е во кома, мозокот го произведува NDE елементот, нешто кое што му овозможува на истиот да функционира нормално. На тој начин се стимулираат одредени делови на мозокот кој произведуваат едниствени елементи на искуство.
Иако резултатите од студиите на Лауреус и неговиот тим се обележани и конзистенти, белгискиот истражувачки тим има тестирано само бал број на пациенти досега.
Тие не се во состојба да го скенираат мозокот и да добијат целосни слики од пациентите кои имале блиска средба со смртта, за да добијат цврсти податоци за хипотезата на физиолошката природа на искуство.

Истражувањето на Лауренс само по себе не е доволно. Тој сака да види што повеќе научници да се вклучат во ваквиот процес. Тој вели дека премногу луѓе имале искуства за да сериозните истражувачи ги игнорираат. Според него голем дел од луѓето се премногу исплашени за да не бидат живи закопани.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1