Цела Италија во карантин


Италија ги проширува мерките за карантин во целата држава, вклучувајќи ја и забраната за јавно собирање, јавува Би-Би-Си.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека мерките, кои ќе влезат во сила во вторник се неопходни за да се одбранат најранливите категории.

Вели дека најдобрата работа за граѓаните на Италија била да останат дома.

Бројот за мртви од коронавирусот денеска се искачи за 97, односно на 463. Тоа е најголем број на жртви после Кина.

А како се одвиваше раширувањето на коронавирусот?

20 февруари – три случаи

23 февруари – 152 случаи

26 февруари – 424 слуачи

29 февруари – 1.128 случаи

3 март – 2.505 случаи

6 март – 4.636 случаи

9 март – 9.172 случаи

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1