Проф. д-р Маја Аргирова од Клиниката за хирургија во Бугарија денеска на прес-конференција посочи дека сите повредени пациенти се во добра здравствена состојба.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2021/11/screenshot_272-1.jpg)
„Сите пациенти се во стабилна состојба, на сите на кои требаше им се направени оперативни зафати вчера. Двајца од пациентите ќе бидат оперирани и денеска“, истакна таа.
Според Аргирова, едното лице кое треба да биде оперирано е со изгореници на рацете, додека пак на друга девојка треба да ѝ биде извршена операција на десното колено.
Таа вели дека на истата девојка ѝ е направена вчера операција на левото колено.
Еден од пациентите се наоѓа во тешок психички шок и дека со него е психолог.
Аргирова додава дека шест пациенти се сместени на Клиниката за хирургија, додека едно лице е на Клиниката за трауматологија.
Д-р Аргирова потврди дека лекарите од болницата се во контакт со македонски колеги.