Д-р Монструм: Лажел повеќе од 500 пациенти дека имаат рак, за да заработи на хемотерапија


Угледниот и почитуван британски доктор Фарид Фата, го доби епитетот „чудовиште“, откако излезе на виделина неговата нечовечка игра со животите на своите пациенти. Повеќе од 500 луѓе примале хемотерапија без да се посомневаат во неговата дијагноза. На голем дел од нив, 50-годишниот доктор им рекол дека имаат терминален канцер на крвните клетки, а така и ги третирал, сé со цел да профитира од парите од здравственото осигурување (хемотерапијата е доста скапа). Вкупно, Фата ставил преку 9.000 инекции Rituximab – лек кој е познат по тоа што го ослабува имуниот систем.062-660x300

Случајот е откриен од ординацискиот менаџер кој работел за Фата. Го пријавил случајот откако забележал дека голем број од соработниците на докторот даваат отказ од работното место под сомнение дека Фата намерно дава погрешни дијагнози. Фата е осуден на затвор во времетраење од 45 години, но неговите жртви и блиските на оние што се починати како последица на неговите ѕверски постапки сметаат дека казната е премала.

„Изгубив 3 години од животот што ги посветив на третмани против рак. Го мразам овој човек. Некои можеби ќе му простат, јас никогаш нема. Можеби Бог ќе му прости“, вели една пациентка.

 

Адвокатката МекКвејд, по завршувањето на судењето, изјави: „Хемотерапијата, како што знаете, е отров. Д-р Фата им давал отров на луѓето кои воопшто немале рак… за да прави пари.“

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1