ВИДЕО: Стигнува робот кој за само два дена ќе може да изгради куќа


Компанија од Австралија вели дека има робот кој може за еден час да нареди 1000 цигли, и да изгради карабина на просечна куќа за само два дена.

Роботот е во фаза на прототип , но компанијата „ Fastbrick Robotics“ се надева дека во следните години ќе има комерцијална машина . Роботот го доби името „Хадриан“ по древниот римски император.robot22

За развојот и истражувањето  на овој робот градежник компанијата досега потрошила седум милиони долари . Хадриан е во состојба сам да земе цигла , да ракува со неа и да ја распореди без интервенција на човек.

Според раководните луѓе на компанијата „ Fastbrick Robotics“ роботот може да ракува со сите цигли без разлика на нивната големина , а стандардна куќа за која се потребни околу 15000 цигли  може да изгради за само два дена.

Од компанијата истекнуваат дека очекуваат лиценцирање на технологијата и во странство и продажба на роботот и надвор од Австралија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1