Епидемиологот, д-р Никола Пановски се огласи на Фејсбук и порача дека природно стекнатиот имунитет од прележување на болеста предизвикана од корона вирусот е значително посилен во однос на вакциналниот.
„За да нема недоразбирање:
1.Вакцините против ковид спасуваат животи.
- Треба да се почитуваат и да се даваат на лица на кои им се потребни.
- Лично сум од групата на вакцинирани во март, не сум прележал ковид, но жестоко се борам за правата на пеележаните.
- На прележаните од ковид треба да им се даде рок од најмалку 6 месеци за да се вакцинираат.
- Во меѓувреме треба да се вакцинираат оние кои немаат заштита, па и оние со тррта доза кои се вакцинирани во фебруари и март, меѓу кои се и здравствените работници.
- Дека природниот имунитет е посилен од вештачкиот го гледаме секојдневно, ние во лаборатории, матичните лекари, инфектолозите итн, а секој ден гледаме дека по 3, а особено по 6 месеци дури и вакцинираните со вакцини како Фајзер, ја губат заштитата.
- Се уште не е направена штетата, дајте им на прележаните рок од барем 6 месеци да се вакцинираат.
- До кога ќе молчите колеги, 45 дена мерка немљ никаде во светот, не е точно дека е препорака од СЗО, тие само велат дека месец дена минимум треба да помине.
Во прилог е еден труд кој кажува дека прележаните 13 пати поретко се инфицираат од комплетно вакцинираните со две дози Фајзер.
Comparing SARS-CoV-2 natural immunity to vaccine-induced immunity: reinfections versus breakthrough infections“, напиша Пановски на Фејсбук.