Да и помогнеме на Маја – хуманитарен хепенинг на студентите од Машински


Хуманоста не познава граници е мотото кое ги водеше членовите на Сојузот на студенти при Машинскиот факултет во Скопје и Студентскиот парламент на универзитетот Св.Кирил и Методиј.

poster donacijaДеновиве активно работат и се спремаат за хуманитарниот хепенинг кој ќе се одржи овој петок ( 31.05 ) на паркингот пред Машинскиот факултет.

Целта е да се помогне на Мaја Керова Бабунска која боледува од рак. Само со масовно присуство може да подадеме рака и да бидеме хумани. Цените на сите пијалоци ќе бидат по цена од 50 денари, а секој денар од продадените пијалоци ќе биде уплатен на сметката на Маја. Покрај хуманоста на дело, ќе имате можност и за дружба и забава која ќе биде збогатена со Вера Јанкович, Лабаво Лавабо, DJ Nomaduzz, Red Light District…. Ве очекуваме, затоа што ви гарантираме добра забава и можност да ја покажете хуманоста на делот. Затоа што за живот се работи !

Донации:

077/143 703 – за корисниците на VIP

075/143 133 – за корисниците на ONE

070/143 132 – за корисниците на T-MOBILE

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1