40 годишна жена од струшкото село Лабуништа буквално ја сватила народната ,, да му умре козата на комшијата.
Вчера претпладнето 40 годишната Санела Л. со ловна пушка ја застрелала и убила козата на соседот во селото.
Пушката била на нејзиниот сопруг, а козата ја застрлела и убила со само еден истрел во главата.
Санела била лута на соседот бидејќи козата постојано и правела штета. Неколкупати го предупредувала, а тој не преземал ништо.
Вчера козата ја прелила чашата, Санела ја зела пушката на сопругот и го убила животното.
Настанот е пријавен во полиција. СВР Охрид подготвува соодветна пријава за жената која. Санела може да се соочи и со уште една пријава бидејќи не смеела да ја користи пушката за која нема дозвола и која не е нејзина.