Да не губат време на WC – Компанија ги терала вработените да носат пелени


Корејско-американската компанија од Хондурас е обвинета од поранешните вработени и синдикатот, за принудување на работниците да носат пелени за возрасни за да бидат попродуктивни…

peleniДаниел Дурон, генерален секретар на Сојузот на вработени, ја обвинил компанијата за експлоатирање на работниците, принудувајќи ги да работат постојано, дури и без пауза за тоалет.

„Срамно е да признаете дека некој ве тера да носите пелени, бидејќи не смеете да користите тоалет, а многу работници може да го потврдат ова обвинение“, изјавил поранешен вработен, по име Кјушинг Лир.

Работниците морале да купуваат пелени, иако се спротивставиле на одлуката. Сепак морале да ги исполнат барањата, затоа што во спротивно ќе бидат избркани од работа.

Претседателот на компанијата ги отфрла тврдењата како лажни и додава дека за се се виновни отпуштените работници, кои преку американските синдикати сакаат да ги повратат работните места во странство.

Министерот за труд Хорхе Борган изјавил дека 30 инспектори работат на решавање на овој случај.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1