Организација што ги анализира здравствените ризици на туристите кога патуваат во странство ја класифицираше Македонија како непожелна дестинација заради лошото здравство. Изненадени?
Мадагаскар и Бутан звучат како супер туристички дестинации, ама сепак треба да размислите двапати пред да ги посетите. Скорашен индекс за здравствени ризици направен од International SOS ги предупредува посетителите на овие две земји. И не само овие две.
International SOS е компанија која се специјализира во анализа на здравството и итните служби во земји каде што нивните клиенти патуваат, а направи мапа на повеќе од 300 илјади медицински инциденти во 2014-та година. Биле анализирани работи како инфективни болести, хигиена и санитација, зачестеност на несреќи и достапност и квалитет на здравствената инфраструктура за да се одреди колку е ризично патувањето во одредена земја.
Според организацијата, Африка е најпогодена од недостиг на медицинска нега, а половина од континентот е класифициран како „екстремен ризик“ по здравјето на туристите.
Источна Европа исто така не котира високо на листата, а висок ризик има во Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и нашата мила мала Македонија. Грција е една од најбезбедните дестинации за туристите од регионот.
Pixel.mk