Никој кој ја запознал Јулија Тимошенко нема да го заборави тој момент. Шармот на украинската политичарка милијардер е исклучителен. Во политичкото опкружување, преполно со новобогати и криминалци, таа стои над сите.
Нејзината ангелска убавина и двете години во затвор ги привлече симпатиите на целиот свет.
Во саботата, во драматичен преврат таа беше ослободена истовремено со менувањето на украинскиот претседател Виктор Јанукович.
Доцна истата вечер, Тимошенко, која има силни болки во грбот, се појави во количка на киевскиот плоштад Независност. Таа ги нарече „херои“ оние кои го отстранија „ракот“ во земјата. Исто така навести и дека ќе се кандидира за претседател на изборите во мај.
Плетенката во косата на русокосата г-ѓа Тимошенко, а понекогаш и нејзиниот кичест изглед, доведе некои мачо политичари во Украина – и во странство – да ја потценат. Вистината е дека нејзината одлучност е застрашувачка. Никој и ништо не може да и застане на патот.
Кога е тоа потребно, таа е подготвена да го искористи и нејзиниот непобитен сексуален магнетизам.
Еден амбасадор еднаш ми кажа дека поминал два часа патувајќи во нејзината бесшумна и со темни стакла блиндирана лимузина, и тоа за него било најопасно сексуално искуство кое тој го доживеал во животот.
Ја интервјуирав повеќе пати. Нејзиниот говор на телото, очите, кокетирачките плетенки во косата и тивкиот глас, се речиси хипнотизирачки. Но таа исто така е способна и да експлодира од лутина. Сум ја видел како вика и пцуе во страшна ерупција од бес: мачето се претвора во тигар.
Се зборува дека претседателот Михаил Саакашвили исто така бил шармиран од неа за време на лет со хеликоптер, по што се појавија незгодни шпекулации.
Но кога Русија ја нападна Грузија во 2008, Тимошенко, која беше тогаш премиер на Украина, покажа само рамнодушност како одбрана од нејзиниот поранешен владеачки колега.
Таа предзивика дури и насмевка на каменото лице на Владимир Путин. Еднаш тој ја пофали дека е некој со кого може да соработува.
Беше блиска со бизнисменот милијардер и политички советник, Борис Березовски, несудениот Макијавели од Кремљ, кој пребегна во Лондон кога ја изгуби милоста од режимот на Путин. „Јулја Тимошенко е единствениот политичар во сета Украина која ја разбира демократијата“, ми рече тој.
Сепак, не бев убеден дека го видов од прва рака нејзиниот пристап во политиката. Никој не се сомнева во нејзината способност да води кампањи. Откако стана милијардер во енергетската индустрија, таа можеше да си ги дозволи најдобрите спин доктори и „имиџмејкери“.
И беше извонреден оратор.
Кога држеше заносни говори и покрај проширеното верување (и според многумина тоа беше оправдан) цинизам кон политичарите, ќе започнеше со драматичен вовед. Ќе паднеше на колена и ќе ги раширеше рацете кон публиката, и ќе извикаше: „Простете ни! Народе на Украина, простете ни!“
Но кога беше во канцеларијата, тогаш почнуваа вистинските проблеми. Една од причините е нејзината докажана неспосбност да работи во тим. Се искара со секој соработник во нејзината 20-годишна кариера. Нејзините комуникациски вештини се грозни. Таа очекува соработниците и колегите да претпостават што таа сака да стори. Ако ја сфатат погрешно, таа ќе експлодираше. Таа е исто така склона кон ирационални, често егоистични излети од наконтеност. Како и мнозина во поранешниот Советски Сојуз, и таа верува во хороскопи и гатачи.
Според Дмитри Видрин, нејзин поранешен советник, таа смета дека е реинкарнација на Ева Перон, починатата аргентинска лидерка која стана бесмртна по мјузиклот „Евита“ на Ендрју Лојд Вебер.
Се разбира дека нејзината јавна појава личи на реинкарнација на појавата на манирите на аргентинската диктаторка. Друга загриженост предизвикува совпаѓањето на нејзините бизниси со политичките интереси.
Никој не се сомнева во нејзините претприемачки способности. Одрасната од самохрана мајка во бедни услови во провинција на Советскиот Созјуз, таа се покажа како извонредно снаодлива. Позајмила 5.000 рубљи (што е еднакво на 100 долари, но вистинско богатство во тоа време) за да отвори синџир нелегални видео клубови каде се изнајмувале пиратски филмски хитови од Холивуд.
Набрзина создаде огромно богатсво во бизнис каде се потребни челични нерви, и во време кога комерцијалните спорови биле решавани со најнедозволени средства.
Во тие економски нестабилни години, темните врски со официјални лица можеле да бидат највредниот влог на која било компанија.
Цели две тешки години нејзината компанија Јунајтед енерџи системс го контролираше севкуниот руски увоз на гас во Украина. Во поранешниот Советски Сојуза, извозниците на гас правеа огромни профити. Со вистинснки врски, гасот можел да се набави евтино – и да се продаде по сочна цена.
Тешката индустрија во Украина и студените зими значеа дека гасот се трошел во огромни колични. Тимошенко стана позната како „гасната принцеза“. Но Украинците не сметаат дека е тоа комплимент.
Беше назначена за министер за енергија во владата на премиерот Павло Лазаренко. За време на тие две години, од Украина биле украдени 120 милијарди долари, според Обединетите нации. Лазаренко сега отслужува девет година затворска казна во Америка, заради перење пари, измама и изнудувања. Според судски документи, Лазаренко и доделил на Тимошенко концесии, со што и дал една третина од гасната индустрија во Украина – што е отприлика една петтина од БДП на земјата.
Тимошенко ги негира обвинувањата по овој и други случаи. Но многумина веруваат дека таа е пример за сето она што е погрешно во украинскиот политички систем. Тоа се случувало во 2004, за време на украинската Портокалова револуција – протест против неизвесните претседателски избори во кои нејзиниот ривал Јанукович победил – а таа процветала во една од најпрепознатливите политичари на планетата.
Нејзината златна коса стана легендарна. Нејзината појава изгледа беше предодредена да буди спомени на принцеза од бајките во украинскиот фолклор. Во 2005, таа беша назначена за премиер. Но нејзиниот авторитарен начин на управување и погрешните политики и донеле малку нови пријатели.
Украина очајно имала потреба од цврсти реформи, од оној вид какви што имаа поранешните комунистички, а сега успешни земји Естонија и Полска.
Овие земји изградија институции кои се потребни пазарната економија да функционира правилно. Тие се сега признати членки на Европската Унија и НАТО. Сепак, Украина – која беше погрешно водена од политичката класа уште од нејзината независност во 1991 – не е ниту во чекалните на двата сојуза.
Од своја страна, Тимошенко не покажа никаков знак дека е подготвена да се зафати со потребните реформи, или како да почне да ги спроведува.
За неа политиката беше само околу победата и останувањето на власт – а не за да придобие уште гласачи. Под нејзиното владеење како премиер, еуфоријата од Портокаловата револуција исчезна до точка кога Украина – во очај – го изгласа Јанукович, поранешниот затвореник со безобразни манири и интелект, за претседател.
Тој започна осветнички поход. Тимошенко беше судена и осудена по неуверливи наместени докази за даночна измама. И покрај големиот меѓународен притисок – и се посилните укажувања за сериозни медицински проблеми – властите одбија да ја ослободат.
А зовриениот свет на украинската политика ја зема својата цена врз нејзиниот приватен живот. Нејзиниот сопург, Олександар, избега од земјата во 2012, по апсењето по обвиненија за кривотворење на патни документи. Тој сега е бегалец во Чешката република.
Нивната единствена ќерка, еднакво шармантната Евгенија, која студира на Лондонската школа за економија, се покажа како најлојалниот поддржувач на нејзината мајка, и се бореше за нејзино ослободување додека таа беше затворена, а стоеше и покрај неа на плоштадот Независност по нејзиното ослободување во саботата вечерта.
Дочекот на Томошенко од масата народ беше едвај екстатично. Мнозина не сакаат да ја видат како се враќа на власт на изборите во мај. Но за Украинците, алтернативите се барем подобри од претходното зло.
Најпознатиот политичар во опозицијата е поранешниот боксерски шампион, Виталиј Кличко. Малкумина се сомневаат во интегритетот на спортистот и во неговиот кураж. Но тој е нов во политиката. Уште еден потенцијален лидер, Арсенли Јацењук, е познат забавувач и политички инсајдер. Но мнозина го гледаат како силно поврзан со стариот систем.
Врвно самоуверената Тимошенко можеби сега ќе има конкуренција, но на долг рок таа нема шанси да гледа некој од овие двајца како непобедлив противник. Таа има многу непријатели, но ќе може да се справи со сите нив. Дури и тајкуните кои одамна го трасираат курсот на украинската политика, клекнуваат пред неа. Како што рече Дмитри Видрин – пријател кој таа го истера – за американскиот магазин Њу Рипаблик изјави: „Не можете да ја сопрете на кој било нормален политички начин. Не можете да ја победите на телевизија, не можете да ја победите со аргументи… Ако таа има повеќе време во животот, ќе стане претседател на Украина, потоа претседател на ЕУ, на крај и претседател на САД“. Ако „гасната принцеза“ научила нешто од нејзините грешки, таа се уште може да се подготви за триумфално враќање на сцената, и да и даде на земјата лидерство кое и е потребно. Но сето она што го знам за нејзините себични интереси, незината глад за власт и нејзинатат незаинтересираност за нејзиниот народ, ме тера да се сомневам во тоа.
Едвард Лукас е автор на „Новата Студена војна“. Неговата најнова книга е „Операција Сноуден: Поглед одвнатре во распадот на западното разузнавање“.
Мејл онлајн/Sitel