Да покажеме дека имаме срце: Бидејќи заедно можеме повеќе – шанса за Боро Стајиќ


srce valentajn

Денеска под мотото „Бидејќи заедно можеме повеќе“ во Универзалната сала во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт за 18-годишниот Боро Стајиќ. Пред неколку месеци, при несреќна случка младото момче се здоби со тешка телесна повреда на вратниот дел од ‘рбетот, односно повреда на пршлените. Како последица од тоа, тој има целосна парализа на рацете и нозете.

– Боро моментално се наоѓа во Словенија на лекување и терапии каде засега е задоволен и сите сме среќни бидејќи напредува. Тој е многу млад и кај него има голема желба и оптимизам за се да заврши како што сакаме и се надеваме. Сакам да ги повикам сите кои се во можност да дојдат на 3 април во Универзалната сала да си поминат убава вечер, а парите се наменети за лекување на Боро, изјави Јана Стајиќ, сестра на Боро.

На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од македонската музичка сцена: Леб и Сол, Нокаут, Игор Џамбазов, Бени и Нон Стоп, танчерите од „Танц со ѕвездите“.

boro koncert– Сите приустни на концертот ќе дадат една хумана димензија. Граѓаните со купување влезници за концертот ќе помогнат во лекувањето на Боро Стајиќ. Концертот ќе се одржи во организација на Црвениот Крст на Град Скопје и општинските организации на Црвениот крст на територијата на Скопје во соработка со Инфомедиа системи и Универзалната сала, истакна Петрески и додаде оти се отворени и телефонски броеви за донации.

Цената на влезниците е 300 денари, а може да се купат на продажните места на Купи карти за се, во Универзалната сала и онлајн на www.kupikartizase.com.mk.

ХУМАНИТАРНИ СМЕТКИ ЗА ДОНАЦИИ:

Денарска сметка:

Сметка: 210-700000600857

Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ

Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

Девизна сметка :

IBAN Code: MK07210501594890345

Name of account owner: Zoran Stajikj

Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje

SWIFT : TUTUNMK22

ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ на кои можете да донирате 100 ден/повик:

070/143-112

075/143-17

077/143-402

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1