Да помогнеме Христина еден ден да го одигра својот свадбен танц


На 15 мај, со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт, а сите собрани средства ќе се донираат за лекување на 21-годишната Христина Николовска.

hristinafotoВлезниците ќе се продаваат по симболична цена од 100 денари, а средствата се наменети за младата Христина.

Оваа прекрасна девојка веќе 17 години е во инвалидска количка, а за лекување се потребни 10.000 евра.

Таа боледува од ретка коскена болест osteogenezis imperfectа, а повеќепати имала скршеници на коските, поради што се создадени деформитети.

Концертот ќе се одржи во Cabaret Black Cotton (поранешно Корнер, дијагонално од Соборна), а ќе се продаваат и разни сувенири по симболична цена.

Секој придонес е добредојден, да и помогнеме на Христина еден ден да го одигра својот прв свадбен танц!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1