За поголем дел од овие митови сте слушнале, но дали знаете дека се засноваат на вистински случки? Изразот “ќе те земе бабарога” ќе добие сосема друго значење…
Собирачот – Оваа легенда е застапена во многу краеви од светот и во главно се работи за некој сосед кој собира чудни работи и ги чува во подрум. Во Русија постоел човек Анатој Москвин, кој крадел лешови од гробишта и од нивните тела правел кукли без лица, со сини перики.
Зелениот човек, односно Чарли без лице – Доколку престојувате во Пенсилванија и прашате за оваа урбана легенда, ќе наидете на интересен одговор. Приказната е базирана на вистинска личност, односно Рејмонд Робинсон кој се здобил со сериозни повреди од удар на струја додека бил дете.
По инцидентот, останал без очи, нос, уши и едно рамо. Неговата кожа била толку оштетена и имала чуден сјај, поради што го нарекувале Зелениот човек.
Игнориран од целиот свет, Рејмонд излегувал и шетал само навечер, бидејќи само тогаш можел да прошета без да предизвика масовна хистерија.
Бабарога – “Биди добар или ќе те земе Бабарога”, е реченица со која родителите често ги плашат своите деца. Иако се верува дека овој лик е измислен, забележан е еден страшен случај во Америка.
Во Статон Ајленд биле забележани случаи на исчезнување на деца од болницата за ментални болести. Андри Ранд, зависник од дрога и познат по голем број на измами бил прв осомничен, па избегал во шумата каде што живеел подолго време. Подоцна бил фатен и осуден на 50 години затвор за убиство и киднапирање.
Вампири кои јадат масти – Легенда која постои долги години во село во Перу. Локалното население ги пренесувало приказните за вампирите кои ги киднапирале туристите и го оставале “исушени”, односно без масти. Се воспоставило дека “вампирите” се луѓе кои човековата маст ја продавале на црниот пазар.