Дали можете да замислите да заспиете на 38 години, а да се разбудите на 15? Токму тоа и се случило на наоми Џејкобс од Манчестер која се разбудила милсејќи дека е во 1992 година. Ова е ретка врста на амнезија која целосно и го избиршала нејзиното помнење. Инаку таа е мајка на едно дете, а била потполно шокирана кога го видела синот во својот дом.
– Почуствував се, од радост, до страв кога го видов тоа дете на кое воопшто не се сеќавав. Веднаш знаев дека е мој син, но само затоа што личи на мене. Бев убедена дека сум заспала и другиот ден дека се разбудив, но тоа во мојата глава беше 1992 година. Не ми беше реално што се случува, објаснила Наоми.
По неколку прегледи кај психотерапевти, Наоми добила дијагноза која се вика пролазна глобална амнезија. Ова а е ретка амнезија која предизвикува моментален губиток на помнењето. Опоравувањето на наоми траело цели осум недели по што нејзиното помнење се вратило во нормала.