Руското село Ојмјакон е најстуденото село на целиот свет.
Авионите овде не можат да слетаат, а жителите по цел ден ги чуваат запалени автомобилите поради страв дека ако еднаш ги угаснат, нема никогаш повеќе да можат да ги запалат моторите.
Местото се наоѓа на 750 метри надморска висина, а должината на денот варира од само три часа во текот на декември до 21 во текот на летниот период.
Просечната температура во јануари изнесува -50 степени Целзиусови, а најниската температура измерена во ова село е минус 71,2 степени целзиусови. Во селото живеат 500 жители.
Ова се чинело како доволен предизвик за новозеландскиот фотограф Амос Чапл, кој се одлучи да го посети Ојмјакон и да направи серија на фотографии.