Мора да се размислува за прераспределба на националниот доход во корист на раѓањето – вели пратеникот Зоран Касаловиќ. – НВО: непримерна идеја Идејата на пратеникот на СПС Зоран Касаловиќ, граѓаните на Србија кои не се венчале пред матичар и не ја доживеале радоста на родителството, треба да плаќаат данок во фондот за обновување на населението Детски динар, а која беше протолкувана како воведување на данок за неженети, немажени и лица без деца и предизвика бура од негодувања во јавноста.
Демографските аналитичари дојдоа до заклучок дека спроведувањето на оваа идеја во пракса би значело дека данок треба да платат дури 1.719.959 лица во нашата земја, со оглед на тоа дека податоците се изведени од последниот попис на населението, кој неодамна го објави Републичкиот завод за статистика, зборуваат дека толку жители во Србија никогаш не се венчале пред матичар.
Ни тука не би бил крај на можното даночење на нашите сограѓани без бурма и без деца, сметајќи дека во нашата земја живеат и 819.822 жени кои не станале мајки. Кога ќе се соберат овие бројки се доаѓа до заклучок дека околу 2,5 милиони наши сограѓани треба да платат данок бидејќи не се венчани и немаат деца.
Зоран Касаловиќ за Политика вели дека тезата за воведување на данок за нежененит и немажени е извлечена од контекст и истакнува дека не предлагал измена на даночниот туку на вредносниот систем во општеството, во кое алчноста и личното богатење станаа врвни вредности, поради што нашето општество длабоко тоне во депопулација.
– Мојата идеја беше да се основа фонд за обновување на населението Детски динар, за да се помогне на финансиски неразвиените општини кои имаат низок пророден прираст. Податоците зборуваат дека само 8 од 185 општини во Србија имаат позитивен природен прираст – во многу општини бројот на постарите од 65 години е многу поголем од бројот на младите, а секоја година се раѓаат 40.000 бебиња помалку.
Јас сум свесен дека некои лица од биолошки причини не можат да имаат деца, но државата мора да води сметка за општиот интерес и да помага на своите сограѓани. Мислам дека е време да се размислува за прераспределба на националниот доход во корист на раѓањето и да се дадат поволности на семејствата кои имаат повеќе деца – заклучува Касловиќ и додава дека пред пратениците на Собранието на Србија зборува во свое име, а не во име на партијата на која припаѓа.
Маја Перовиќ, основач и портпарол на движењето Позитивна Србија, која во соопштението за јавноста најостро ги осудува идеите на народниот пратеник на СПС, вели дека ваквиот речник едноставно е непримерен – било да зборува во свое лично име или во име на партијата. Таа потсетува дека ваквите идеи и порано се слушаа во српскиот парламент и додава дека – многу пати се смеевме на настапите на некои политички лидери, а потоа дојдовме во состојба да ни одлучуваат за животите.
Претставничката за заштита на рамноправноста Невена Петрушиќ вели дека не и е познат ниту еден пример на демократска земја во која постојат даноци за неженети, немажени и лица без деца и истакнува дека одлуката за стапување во брак и основање на семејство се длабоко лични одлуки во кои државата не треба да се меша.