Да живее синчето или жената – Морал да избира – изборот го јаде жив (Фото)


Бен Брукс Датон се уште се измачува и по 3 години и не може да преболи што се нашол во ситуација да мора да бира кого да спаси, дали негвиот син, или љубовта на неговиот живот.

article-2265236-170B4615000005DC-625_636x371Тој возел а во автомобилот биле неговата сопруга и неговиот син. Одникаде од другата страна одеднаш се појавил автомобил кој преминал на нивната лента.

Тој морал во неколку секунди да донесе одлука кого ќе спаси. Дали автомобилот ќе удри од страната каде седел неговиот син или каде што седела неговата сопруга.

На крајот успеал да го спаси само неговото двегодишно синче, но помислата дека повеќе нема да биде покрај неговата 33 годишна сопруга Десрен, е нешто кои ќе го измачува до крајот на неговиот живот.

article-2265236-170B41EF000005DC-113_634x424Истрагата покажала дека е чудо како воопшто тројцата не загинале во истата.

„Се измачував себеси и шпекулирав многу за тоа што се случи. Знам дека е безначајно, но, тагата е моќен непријател“, вели Датон.

Понекогаш сонува за тоа што се случило, а вели дека крајот во негивот кошмар е со сосема поинаков епилог.

„Во моите кошмари, јас сум тој кој што умира, додека мојата сопруга и син остануваат живи“, вели Бен.

article-2265236-170B4280000005DC-233_306x604„Се чуствувам виновен што јас сум се уште жив, а Десрен не. Документите велат дека сум херој, затоа што сум го спасил мојот син, во време кога жена ми почина. Но, не се чуствувам така. Мојата тага за мојата сопруга се повеќе ме обзема, а дополнително ме боли и за нејзините родители кои што изгубија прекрасна ќерка“, вели Бен.

И покрај поддршката од пријателите и семејството, Бен е преплавен со  неговата загуба, па во ситуација на очај, една вечер станал и на интернет почнал да пребарува луѓе кои што доживеале слична судбина за да разговараат и да ја сподели тагата со цел да си помогне себе си, но и на другите. Но, неговото пребарување било залудно.

Не се откажал од ваквата идеја, па отворил свој блог надевајќи се дека на тој начин ќе може да им помогне на другите да се справат со ваквата жалост. Неговиот сајт го сврте вниманието на повеќе од 100,000 луѓе, а ваквата бројка продолжува да расте.

article-2265236-170B3D33000005DC-462_634x475
„Сакам и другите луѓе да знаат дека е во ред да жалат за ваквите работи, во ред е да ги отворат своите чувства да плачат, да си дадат поддршка едни на други.

Тоа исто така е и мојот начин за да бидам во иднина подобар татко на мојот син, дете кое ќе порасне знаејќи дека не треба да биде срамно да ги покаже своите емоции“, вели Бен.

Тој првично се обиде да ја прикрие својата болка од неговиот син, но на крај заклучил дека тагата не треба да се сокрие од децата. Вели дека тие се премногу чувствителни и интуитивни да не забележат дека светот околу вас се разнишува и урива.

article-2265236-170B41F8000005DC-760_634x422„Се обидов да го заштитам од моите чувства, но подоцна сватив дека треба да откријам се пред него. Тој е сеуште премал за да разбере за смртта, но секогаш му велам дека таа замина и повеќе нема да се врати“, изјавил Бен.

Џексон во моментот додека ги бришел солзите во очите со своите малечки раце, Бен сватил дека во ова се заедно и дека во иднина заедно ќе мора да се борат со ваквата трагедија.

Тој се уште е изненаден од фактот, но и благодарен на бога што тој и неговиот син поминале речиси без гребнатинка.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1