Рибар во Белорусија починал, откако до смрт бил изгризан од дабар. Тој на езерото Шестаков, видел дабар како се шета. Застанал, ја извадил камерата да го сними животното, но дабарот се завртел кон него и го нападнал
Успеал да му нанесе длабока рана која многу крварела. Пријателот на жртвата, кога видел што се случило, се обидел да го спречи крварењето, но дабарот за несреќа успеал да ја прегризе главната артерија, поради што рибарот искрварел до смрт.
Експертите наведуваат дека нападите од дабар се исклучително ретки, но треба да се напомене дека слична работа вчера му се случила и на еден Русин, кој исто така се обидел да го сними животното. За среќа, овој човек успеал да преживее. Еве како изгледал нападот од животното.