РТС денеска ја потврди информацијата на македонските медиуми дека целиот персонал од Амбасадата на Србија во Скопје се повлечени на итни консултации во Белград.
Српскиот јавен сервис најави дека во врска со тоа денеска изјава ќе даде на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Срспката амбасадорка во Македонија, Душанка Дивљак Томиќ, која како и персоналот од амбасадата, од синоќа е во Белград, за српски медиуми одбила да зборува за причините за нотата од амбасадата на Република Србија што вчера ја доби македонското МНР.
Персоналот на амбасадата вчера беше повикан на консултации во Белград.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа рече дека по добиеното известување од МНР дека амбасадата на Србија се повлекува на консултации во Белград, по барање на амбасадата, МВР превзема мерки на зголемена безбедност на нивните објекти.