Дачиќ: Македонија ја сакаме како Папуа Нова Гвинеја!


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ порачал дека Србија ги почитува своите соседи, но ги „исто како што ја сака и Папуа Нова Гвинеја“, пренесуваат српските медиуми.

ivica-dacic-1344625936-196563

„Ние ве почитуваме како соседи, но не сакаме да кажеме дека ве сакаме. Зошто? Тој што ви кажува дека ве сака, тој ве лаже. А утре ќе ве мрзи. Ве сакаме како што ја сакаме Папуа Нова Гвинеја. Ова важи и за Црна Гора и за Македонија. Би плукнал на себе кога би рекол дека сте прекрасни. Но ние немаме подобро. Какви и да сме, дајте да живееме заедно“, рекол Дачиќ.

Српскиот министер исто така повторил дека Србија нема да ги поддржи кандидатите на Хрватска, Македонија или Црна Гора за местото генерален секретар во Обединетите нации (ОН), порачувајќи дека „тие уште од првиот ден ќе го внесат Косово во ОН“.

„Немаме намера да гласаме за некого кој од првиот ден ќе го донесе Косово во ОН. Како што тие работат за себе, мораме и ние да работиме за себе. Нема да работиме против сопствените интереси“, рекол Дачиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1