ТРАГЕДИЈА: Загинатите во сообраќајката во Штип се двајца чувари од штипскиот затвор


Двајца штипјани загинаа во сообраќајна несреќа која се случи вечевра после 19 часот во близина на месноста Четврти километар на патот Штип-Радовиш.

Двајцата загинати се вработени лица во Казнено поправниот дом Штип.pat_resen111

На социјалните мрежи се појавија овие фотографии кои ги пренесоа и дел од порталите. Според информациите – Неофицијално, се работи за жител на штипската населба Железничка, кој пред осум месеци станал татко. Втората жртва е од населбата Чардаклија, брат на загинат бранител од конфликтот во 2001-ва.

Првичните неофицијални информации говорат дека во критичниот момент, првиот од двата службени автомобили на КПД Штип со кои четворица од затворското обезбедување се враќале дома, од засега необјаснети причини изгубил контрола, два пати се завртел на коловозот околу себе и излетал во водите на реката Брегалница.

Останатите двајца кои биле во автомобилот позади нив, веднаш застанале и влегле во водата за да ги спасат колегите, но за жал било предоцна за нивните колеги, едниот стар 41,а другиот 30 години, јавува дописникот на Канал 5.

Веднаш притрчале на помош колегите, кои се возеле во возилот зад нив. Успеале да го дочекаат жив едниот од нив, кој набргу им починал на раце. Вториот штијанец веќе бил починат. Полицијата го потврди настанот, кој се случил околу 19 часот.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1