Шефот на српската дипломатија , Ивица Дачиќ ги покажал своите пејачки квалитети и пред рускиот претседател Владимир Путин.
Министерот за надворешни работи на Србија , Ивица Дачиќ при денешната посета на рускиот претседател Владимир Путин , му ги запеал руските песни ,,Каљинка” и ,,Рјабинушка”. Александар Вучиќ приредил свечена вечера на која имало 100 тина гости .
Главна ѕвезда ан вечерата бил шефот на дипломатијата , Дачиќ , кој на рускиот гостин му испеал две песни.
Не е позната реакцијата на Путин , бидејќи на телевизиските екипи им бил забранет влез.
Инаку , Дачиќ и на турскиот претседател Ердоган му пееше турски песни , додека за тоа време претседателот Вучиќ ,,паѓал од смеење”. Овој настан минатата година беше снимен и стана хит во регионот.