Претседателот на владата на Србија изјави дека нема да присуствува на „Парадата на гордоста“, ако биде одржана, и праша дали треба да стане геј за да биде проевропски
Претседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека не е извесно одржувањето на „Парадата на гордоста“ на 28 септември во Белград, но ако се одржи тој нема да присуствува.
– Знам дека уставното право вели дека имаме право на разновидост, но мое право е да не одам на тоа. Не треба да влегуваме во друга крајност и да се додворуваме. Треба да станам геј за да биде проевропски? рече Дачиќ за српската телевизија Б92.
Telegraf