Поранешен британски војник, кој тврдел дека принцезата Дајана ја убиле припадници на специјалната единица САС, исчезнал од Британија пред полицијата да го сослуша.
Поранешниот припадник на САС исчезнал неколку денови пред терминот најавен за негово сослушување во рамки на истрагата за смртта на принцезата Дајана и Доди Фајед.
– Војникот е клучен за истрагата бидејќи тој прв ги изнесе тврдењата. Притисокот врз него растеше откако веста се појави во медиумите и по најавата дека полицијата ќе сака да го сослуша. Никој не знае зошто заминал – кажал полициски извор.
Војникот, наводно, на својата сопруга и кажал дека сообраќајната несреќа во Париз била предизвикана од силната светлина што екипа на САС ја насочила кон возачот на Дајана.









