Даде ли ДИК точни бројки за излезност? Како им оди со математиката?


Во своите извештаи од текот на гласањето за референдумот, Државната изборна комисија соопштува неточни податоци, реагираат грагани и медиумите.

На прес-конференцијата одржана во 15.30 часот, на која што беа соопштени податоците за одзивот на гласање до 15 часот, претседателот на комисијата, Оливер Дерковски, соопшти дека до тој момент на гласачките места излегле 334.075 гласачи, но истовремено и дека таа бројка претставува 22,56 отсто од вкупниот број запишани гласачи.

Но, 334.075 гласачи претставуваат 18,49 отсто од вкупниот број гласачи (1.806.336), а не 22.56 отсто, како што соопштија од ДИК. Од друга страна, 22,56 отсто излезени гласачи би биле 407.510 гласови, а не 334.075.

Од тука се поставува прашањето, која е вистинската бројка на излезени гласачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1