На 5 години затвор е осудена дадилка од Македонија која работела во Велика Британија. Таа се обидела повеќе од 130 пати да го намести поранешниот партнер за силување и други кривични дела. Според BBC, 38-годишната Сандра Даневска од Хемерсмит, Западен Лондон, го следела нејзиниот поранешен партнер, го набљудувала неговиот дом, му се заканувала, па дури потоа направила и една од неговите девојки да заврши зад решетки.
Девојката со лажни сведочења за Дарко Бариќ, му го направила животот пекол. Даневска, работела како дадилка со 60 различни деца.
Таа вчера беше осудена на пет години затвор во судот во Ајлсворт Краун.
“Вие сте интелигентна жена, но за жал, сте ја искористиле вашата интелигенција за да му го направите животот на Дарко Бариќ апсолутна мизерија. Сте измачувале две од неговите девојки на сличен начин. Сте имале две куси врски со господинот Бариќ и потоа, како што тој мислел, сте останале пријатели. Но, кога тој почнал да излегува со други девојки, вие сте почнале континуирана кампања против нив”, кажал судијата.