Дадилка тепана, малтретирана и врзана со селотејп лента


Во петокот околу 12 часот во Прилеп на улица „Оревојачка“ поточно во куќата сопственост на Д.Р. (41), додека дадилката П.И. (47) од Прилеп го чувала детето на Д.Р., внатре влегол непознат сторител и со тврд предмет ја удрил П.И. во пределот на главата и истата се онесвестила.

Сторителот, откако со самолеплива лента и ги врзал рацете и и ставил ткаенина во устата, низ куќата извршил пребарување, притоа не одземајќи ништо, го напуштил местото на настанот. На П.И. и била укажана медицинска помош и констатирани и биле телесни повреди од страна на лекар од ИМП. Увид извршила екипа од НККР-ООК и ОКТУПА, а ПС Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1