Kафе барот Дежаву во Капитол мол во Скопје објави видео од една од своите безбедносни камери на кои се гледа како жена тепа и малтретира мало детенце, а ОЈО покрена постапка против неа.
Дадилката од Скопје година и половина работела кај семејството чие детенце го истепа минатата недела, јавува ММС.
За инцидентот, мајката дознала од видеото, по што децата сами кажале што се случило. Мајката вели дека сите три деца се трауматизирани и си ги бараат родителите.
Инаку, за својата работа, дадилката добивала по 30.000 денари плата.