„Шверцери“ негираат дека дивееле во МНТ


Навивачката група „Шверцери” на фудбалскиот клуб Шкупи, негира дека кршеле, дивееле во петокот во МНТ.

Велат дека тие во објектот влегле организирано и го следеле документарниот филм за оваа навивачка група и доделувањето признаници на еминентни личности од фудбалската живот.

  • „Ние сме навивачи и навивањето е нашиот живот, нема друг начин на навивање од скандирање и пеење песни, тоа и го направивме таа вечер, без никакво дивеење, кршење, со ниту еден навредлив збор, а камо ли говор на омраза. Ова е вистината и сите други информации се само во правец на оцрнување на нашата навивачка група и шпекулирање со вистината. Направивме сè да бидеме добри гости на и нашиот театар!“, се вели во нивното соопштение, пренесе Радио Слободна Европа.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1