Дадилката-монструм од Скопје не чувствува вина што малтретираше бебе


Дадилката во судот се соочи со родителите на бебето кое го малтретираше. Рекла дека не се чувствува виновна по обвинението кое е поднесено против неа.dadilka(1)

Нејзиниот адвокат најави дека ќе ја оспорува квалификацијата на кривичното дело за кое се товари­ „запуштање и малтретирање на малолетно лице“, а според што таа одговара дека му нанела тешки телесни повреди на детето.
Судењето се одржува зад затвотрени врати за јавноста.

– Јавноста се исклучува заради заштита на личниот и приватниот живот на обвинетата како и поради нејзината возраст која е над 60 години, заради заштита на личниот и приватниот живот на детето и на неговото семејство и заради намалување на последиците од кривичното дело како и евентуалните последици од обелоденување на идентитетот на детето – објасни судијата Драган Николовски.

Видеото со дадилката од Ѓорче Петров која го тресе и удира бебето го обиколи светот, но адвокатот вели дека не е се како што изгледа и како што било прикажано од страна на МВР и обвинителството.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1