38-годишната Гулчекра Бобокулва од Узбекистан тврди дека слушала „гласови“ во главата кога го убила 4-годишното девојче, кое три години го чувала како дадилка. И самата е мајка на три деца, а на московските полицајци им ја раскажала својата приказна додека им го покажувала станот во кој првин го задавила, а потоа обезглавила детето, пишува Daily Mail.
Четиригодишната Настја Мешерјакова е жртвата на Гучекра, која ѝ ја отсекла главата со кујнски нож. Жената на полицајците им кажала дека била прогонувана од „гласови“ кога се случило убиството, и полудела од лутина откако дознала дека нејзиниот сопруг во Узбекистан започнал нов живот со друга жена додека таа работела во Русија. Изјавила дека одбила да му биде втора жена.
Светот вчера беше шокиран од веста за жената која отсекла детска глава и со неа шетала по улиците низ Москва. Според пишувањата на некои од медиумите таа збеснала откако дознала за неверството на нејзиниот сопруг.
По апсењето Бобокулова соработувала со полицијата, им покажала како го убила детето. Пред да ја фатат таа викала дека е терорист и се заканувала дека ќе активира бомба. Засега, руските власти не потврдуваат дали била поврзана со некоја терористичка организација.