Дајте ни исти роаминг цени како ЕУ – побараа заеднички Македонија, Србија и Црна Гора


Ресорните министри на Македонија, Србија и Црна Гора, Иво Ивановски, Расим Љајиќ и Вуица Лазовиќ денеска преку потпишување заедничко писмо побараа трите земји да имаат исти цени за користење роаминг услуги кога патуваат во земјите-членки на ЕУ.

690255-phone-text– Постојано ги исполнуваме директивите и барањата на Европската унија и редно време е Унијата да ги испочитува нашите барања.

Со оглед дека станува збор за група држави со над 10 милиони жители, се надеваме дека ова ќе биде прифатено сериозно од страна на ЕУ и Европската комисија, ќе извршат притисоци врз операторите и оти ќе ги направат соодветните измени на регулативата за да можат и нашите граѓани да користат цени еднакви на тие во ЕУ, рече денеска министерот за информатичко општество Иво Ивановски.

Ivo_Ivanovski

Според српскиот министер Љајиќ потпишувањето на писмото е пример за добрата регионална соработка и порака дека сите проблеми можат да се решат со заедничка комуникација и соработка.

– Тоа може да биде добар сигнал за идните инвеститори во нашите земји, истакна Љајиќ.

Според договореното, министрите од трите држави веќе во септември ќе имаат состанок во Црна Гора каде ќе потпишат меморандум за соработка во телекомуникациите.

– Со тоа од Република Македонија во ЕУ на годишно ниво се одлеваат близу милион евра при патувањето на македонските граѓани. Пред неколку дена ЕУ ги намали роаминг цените за 36 проценти и бараме и нашите граѓани да можат да ги користат истите услуги што ги имаат и граѓаните на ЕУ, посочи Ивановски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1