Дале куќи за да добијат станови, останале и без двете


Ја дала родената куќа со надеж дека ќе живее во нов стан, но скоро дваесет годиние без двете. Оваа 75-годишна скопјанка се уште се надева дека ќе ја дочека правдата и еден ден ќе се всели во зградата што никнала на нејзиниот и плацевите на уште десетмина жители на Кисела Вода. За жал, дел од нив веќе починале, јавува Канал 5

„Петнаесет години сопствениците на куќите и становите се во тешка состојба. Повеќето од нив починаа. Тие што се живи староста ја поминуваат под кирија, кирија која што сами си ја плаќаат. Ве молиме слушнете го нашиот крик на очај, очај на обичниот македонски човек – заглавен во лавиринтите на системот.“

Зградата лоцирана на улицата Виктор Иго почнала да се гради во 2002 година, била речиси готова за две години, но тогаш почнале и проблемите. Градбата запрела, а во јануари 2007 година општината решава да ја урне бидејќи инвеститорот РАБА не ги платил комуналиите во висина од 70.000 евра. По еден изминат ден, тогашната општинска админстрација запрела со уривањето, но од тој јануари 2007 па до денес ситуацијата е статус-кво.

Зошто воопшто општината дозволила да се гради без да бидат платени комуналиите, а кога веќе се изградила зошто не нашла друг начин да ги наплати туку се одлучила да удри по објектот останува нејасно. Особено што несудените станари уште тогаш се понудиле самите да ги платат комуналиите.

Од општината сега велат дека бараат начин да се реши проблемот и се во постојана комуникација со оштетените со цел објектот да се догради.

Оваа зграда е само една од десетината во Скопје кои наместо домови станаа дувла за бездомници и зависници од дрога. Причините беа измами, препродавање на исти станови на повеќемина, пропаѓање на фирмите-инвеститори, долги и сложени судски постапки без ефективна завршница. Системско решение не најде ниту една власт.

Видео сторијата погледнете ја на – Канал 5

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1