Дали БЕСА ќе ја напушти и сруши владата – раководството викендов со конечна одлука


Викендов БЕСА ќе одлучува дали ќе остане во владејачката коалиција. Ако се прашува Генералниот секретар и актуелен министер за земјоделие, ДУИ треба да се подготвува за опозиција.

Во Мала Речица демонстрираат смиреност. Лидерот Ахмети вели дека не очекува БЕСА да ја напушти коалицијата. Пораките кои доаѓаат од коалициониот партнер ги смета за притисок врз институциите во пресрет на одлуката на Управниот суд по тужбата на БЕСА за прегласувањето во Желино. Претходно И колегата на Хоџа во Владиниот кабинет вели дека БЕСА носи избрзани одлуки.

Во СДСМ се надеваат дека низ дијалог ќе ги испеглаат разликите со БЕСА.

БЕСА во моментов тежи три пратенички мандати во законодавниот дом но тоа е сосема доволна бројка за да падне владиното мнозинство кое во моментов го држат два пратеника над минималната бројка. Во собраниските кулоари кружат шпекулации дека Алтернатива која држи 4 столчиња би се приклучила кон мнозинството но од партијата на Гаши велат дека тоа се шпекулации и дека таква одлука нема.
Во целата атмосфера на политички групирања и постизборни калкулации, ДПА остана без единствениот градонаачлник кој го освои по гласањето во недела. Првиот човек Студеничани денеска објави дека го напушта Тачи и преминува во партијата на Села. Лидерот на ДПА вели дека од целата таа приказна, важно е само кој победил во Студеничани.

Тачи додава дека БЕСА нема право да манипулира со своите пратеници бидејќи тие на последните избори биле дел од листата на СДСМ и според него, тоа се пратеници на социјалдемократите.
БЕСА за викендов има договорено средби на највисоките партиски тела. Токму од оваа, но и од одлуката на Алтернатива ќе зависи и иднината на ова парламентарно мнозинство откако стана извесно дека по одлуката на Заев за оставка, овој владин кабинет станува дел од политичката историја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1