Вработен во АНБ лажел дека е обвинител за да измами бизнисмен


Вработен во Агенцијата за национална безбедност и еден од амнестираните за настаните од 27 април во Собранието се двајцата приведени во синоќешната полициска акција. Иако беше побарана мерка притвор за двајцата, обвинителството во последен момент ја смени одлуката и агентот на АНБ доби мерки за претпазливост, додека вториот осомничен од денеска издржува 8-дневен притвор.

Обвинети се за измама и лажно претставување. Контактирале бизнисмен и лажно го информирале дека против неговата фирма се води кривична постапка. Му биле побарани 75 илјади евра доколку сака непостоечката истрага да запре. Со цел да им поверува, еден од обвинетите му прикажал наредба со невистинита содржина, која самиот ја креирал на неговиот компјутер.

“Во тоа му помогнал и вториот осомничен, кој на средба со оштетениот лажно се претставил како вработен во Управата за финансиско разузнавање и воедно истражител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. На 3 ноември, првиот осомничен се сретнал со оштетениот во ресторан во Скопје и зел од него парични средства во висина од 5.000 евра за услугата што ветувал дека ќе ја изврши”, утврдило Обвинителството.

Иако од АНБ потврдуваат дека ги отвориле вратите за Судот кој бил заинтересиран за наводите за вмешаност, од Агенцијата велат дека вработени од АНБ ниту се апсени, ниту инволвирани во случајот.

Нејаснотијата се зголемува и во нивниот демант, во кој се вели дека работата на безбедносните служби подразбира контакти со подземјето, за што постојат службени забелешки.

“Оттука, изјавите и обвинувањата на таквите поединци треба да се примаат со должна резерва и да се утврди нивната веродостојност од страна на сите со закон утврдени институции, што за жал во оваа постапка не беше случај”, посочија од АНБ.

И додека АНБ демантира инволвираност во случајот, со став се јави бранителката на нивниот вработен. Апелира да се почитува пресупцијата на невиност и негира дел од наводите.

Од ВМРО ДПМНЕ пак, прашаа, која е улогата на директорот на АНБ Виктор Димовски.

Од Јавното обвинителство велат дека истрагата на случајот продолжува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1