Не е употребен звучен топ на протестите во Белград, соопшти српското МВР по тврдењето на студентите во блокада и на опозицијата дека звучен топ бил употребен кај СКЦ во моментот кога протестантите со молчење им оддаваа 15-минутна почит на жртвите од несреќата со натсрешницата во Нови Сад.
„Министерството за внатрешни работи најодлучно ги демантира информациите што се појавија во некои медиуми дека на вечерашниот протест бил употребен звучен топ. МВР никогаш не користело, ниту користи средства кои не се предвидени со закон. Полицајците денеска и покрај нападите врз нив, не ги извадија ниту палките, а камоли да употребат незаконски средства“, соопшти српското МВР.
На социјалните мрежи се споделуваат видеа од моментот за кој студентите тврдат дека е напад со недозволено оружје. За среќа, не настана стампедо меѓу масата луѓе.