Султанот и неговиот брат во некоја рака се држат до шеријатските закони: како што е пропишано, секој од нив има по неколку жени и семејства. Но тие прават се спротивно од светата муслиманска книга Куранот.
За животот на владетелите на Брунеи не се знаело многу се до 2001 година, кога принцот Џефри бил принуден да ги распораде своите лични работи откако државната благајна ја користел за плаќање на сопствениот луксуз. Првпат во 1997година јавно биле разоткриени харемите и оргиите во Брунеи за кои долго време се шепкулирало благодарение на поранешната Мис на САД Шенон Маркетиќ, која ги тужела принцот Џефри и султант Хасанал.
Во тужбата навела дека агенцијата и договорила еднодневна работа за 3.000 долари на Брунеи.Наместо тоа, како што во 1997 година тврдела Маркетиќ, таа станал сексуална робинка, присилена била да танцува секоја ноќ во приватниот диско-клуб на принцот Џефри, ја дрогирале и ја злоставувале, па по враќањето во САД ги тужела принцот и султанот за 10 милиони долари.
Браќата се повикале на дипломатски имунитет, а султанот обвинувањата ги окарактеризирал како „полоши од убиство“. Тужбата била отфрлена.
Султанот живее во палата со 1.788 соби, 257 купатила, пет базени, џамија, сала за банкети која може да дочека 5.000 луѓе и гаража во која има 110 автомобили. За својот 50-ти роденден султанот изградил стадион , а на прославата настапил кралот на попот Мајкл Џексон кој за три концерти заработил 17 милиони долари.
Принцот Џефри, 59-годишен, живее водруга палата и бил сосптеник на 152 метарска јахта наречена „Гради„, додека двата брода ги нарекол „Брадавица 1“ и „Брадавица 2“, никако не сфаќајќи зошто поради овие називи многумина го сметаат за инфантилен и без вкус.
Џилијен Лорен го раздрма светот со книгата за моќниците кои подведуваат малолетнички, а во своја сопственост имаат палати, 9.000 автомобили и луксузни хотели. Таа станала дел од харемот на 18 години и еве што вели за животот таму и како султанот бирал девојки.
– Прелистуваше магазини и зборуваше „ја сакам оваа жена“, и потоа ги нарачуваше тие девојки. Лорен била една од ретките жени од западот кои наметнатата покорност добро ја поднесувала. Во харемот поголемиот број од девојките биле од филипините, а многу од нив имале само по 15 години.
– Малолетноста не беше никаков проблем како што е тоа на западот – истакнува таа.- Девојките биле сместени во палатата на Џефри која не смееле да ја напуштаат.
– Тие полудуваа од здодевност – истакнува Лорен.Поминале недели пред таа да биде одбрана, по што ја одвезле во некоја зграда, каде ја заклучиле во стан.- Поминаа четири часа пред да се појави принцот. По сесот легна крај мене на три секунди ме плесна по задникот и рече : „Беше добро. Доцнам на состанок“ – пишува Лорен во својата книга.