Веќе е вообичаена практика штом се купат домати веднаш да се стават во ладилник за да останат свежи, но дали тоа е правилно?
Научниците од француското Агрикултурно друштво тврдат дека на овој начин се создава спротивен ефект. Тие направиле голем број истражувања и потврдиле дека ако се чуваат во ладилник доматите побрзо омекнуваат и ги губат сите хранливи состојки, а нивната карактеристична арома слабее.
Доматот потекнува од подрачја со топла клима, а ставањето на овој производ во ладилник предизвикува хемиски промени што условуваат распаѓање на ќелиите. Тоа се случува на температура пониска од 10 степени, а повеќето ладилници одржуваат температура од два до шест степени целзиусови.
Доколку сте купиле домати што веќе се омекнати и презреани, тогаш чувањето во ладилник е единствена опција за да не го фрлите, истакнуваат научниците.