Џон Јанг кој е дел од дивизијата задолжена за истрага за исчезнатиот авион им даде нова надеж на семејствата на патниците на изчезнатиот боинг, но и им ја продожи агонијата. Тој изјавил дека мора да се забрза потрагата за да се спасат оние кои можеби се уште се живи, а таква можност има.
Патниците и членовите на екипажот од исчезнатиот малезиски авион кој исчезна пред точно две недели можеби се уште се живи.
Тоа вчера го соопштија австралиските официјални лица кои во четвртокот започнаа голема потрага во јужниот дел на Индискиот Океан откако беше забележан голем пловечки објект, кој би можел да биде трупот на авионот на „Малезија ерлајнс“.
Заменик премиерот на Австралија, Тони Абот, Ворен TRUS вчера рече дека спасувачките екипи се уште не успеале да ги идентификуваат мистериозните објекти.
– Сакаме што е можно поскоро да се идентификуваат овие објекти, бидејќи тие би можеле да бидат поим и да ни дадат трага кон луѓето кои можеби се уште живи и може да се спасат – вели Џон Јанг, извршниот директор на Одделението за итна акција од AMСA.