Дали е златен, колку чини – како се прави Оскарот (Видео)


Дали сте знаеле дека познатата статуа на почетокот била правена од бронза, дека е висока само 34 сантиметри и дека не смее да се продава без дозвола на Американската филмска академија?

oskar3Во Лос анџелес, вечерва се одржува 86-тата церемонија на доделување „Оскар“. Додека сите нетрпеливо очекуваат да дознаат кому ќе му припаднат најпрестижните награди, ние ви откриваме како настанала статуетката, колку чини нејзината изработка и кој бил вујко Оскар по кој статуетката го добила името.

Познатата статуетка е создадена во 1929 година, и тоа по налог на тогашниот шеф на студиото МГМ, Луј Мејер. Инаку, идејата потекнува од уметничкиот директор на МГМ, Сендрик Гибонс, а уметникот од Лос Анџелес, Џорџ Стенли, ја направил првата статуа која стои на ролната на филмот и држи крст-меч.

Иако на телевизија изгледа многу поинаку, статуата е висока само 34 сантиметри и тешка 3,85 килограми.

На постолјето на статуата има гравиран сериски број на секоја статуа, како и плочка со името на сопственикот и „Оскарите“ не можат да се продаваат, подаруваат или префрлаат на никој кому претходно не му биле понудени од Академијата.

На почетокот, малите фигури биле правени од позлатена бронза, за на крајот да се одлучи, статуата да се прави од 24 каратно злато.

„Кум“ на статуата е библиотекарка од Академијата, Маргарет Херик, која забележала дека статуата личи на нејзиниот вујко Оскар.

Еве како се прави оскарот

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1